Прашања за Основи на сметководство 1 Семестар
1.Што е сметководство
-Процес на идентификација,мерење и соопштување на
економските информации со цел да се обезбеди информирано просудување и
донесуање одлуки од страна на корисниците на информации
2.Што е книговодство
-Книговодството е дел од сметководството кој врши
евидентирање,собирање,систематизирање на податоците и од тој аспект тој е база
на податоци на сметководствениот систем
кко најзначаен негов дел
3.Што опфаќа сметководството како информациски систем
-целите,задачите,етапите и корисниците на средства
4.Какви типа на Сметковоствени модели постојат
-финансиско-сметководствен(се карактеризира со создавање на
сметководствена информација која се однесува на деловниот субјект за употреба
на лица надвор од него)
-управувачко-сметководствен (обезбедува финансиски
информации внатре во деловниот субјект-и може да бидат и други модели пр :модел
на трошоци,модел на планирање на парични текови др.)
5.Какви вида на процеси се случуваат во СИС
Обработка на настани,Обработка на информации
6.Кои се надворешни деловни настани
Продажба на производи,купување на суровини и материјали и
постојан имот од снабдувачи,приходи,расходи и др.
7.Од што се состои Сметководствениот информациски ситем
-книговодство(се
врши документарна и формална евиденција во која хронолошки и системски се
евидентираат настанатите деловни промени(настани кои можат вредносно да се
изразати предизвикуваат промени кај средствата ,изворите,трошоците,приходите и
расходите) во деловниот субјект –финанскиски извештаии како биланс на
состојба,биланс на успех
-Сметководствено
планирање-се однесува на настани кои веќе се настанати и се предмет на
обработка на идното работење за да се изврши споредување на оствареното со
планираното.
-Сметководствена
контрола-врши отценување на правилноста на работењето и отстранувањето на
неправилностите во рамките на деловниот субјект и може да биде организирана на
интерен и екстерен начин.
-Сметководствена
Анализа-врши споредување на бонитетот на работењето по пат на споредби на
сметководстевните тековни извештаи од книговодство со планските сметководствени
извешати кои се продукт на сметководственото планирање.,врши
споредување,расчленување,и анализирање и утврдување на отстапувањатаи нивните
причини.
Сметководствено информирање-врши
пренесување на сметководствените податоци и информации до крајните корисници
8.На што се дели современиот современиот сметководствен
информациски ситем
-финансиско сметководство(дава основни податоци за биланс на
сосѕојба и биланс на успех)
-сметководство на трошоци(аналитичко сметководство за
интерното работење на претпријатието)
-управувачко сметководство(произлегува од давање на значајни
податоци на корисниците на информации и е база на податоци на менаџментот и се
користи во процесот на одлучување)
9.Кои се корисници на сметководствените информации
-Интерни(управен одбор,работодавни органи,собрание на
акционери,извршни органи,работници и синдикати)
-Екстерни корисници (државни органи,даночни органи,банки и
кредитори,акционери,добавувачи,купувачи,стопанска комора,пензиски
фондови,осигурителни фондови,асоцијација на потрошувачи)
10.Што е сметководствена постапка
-Се состои од низа процеси кои овозможуваат
идентификација,регистрирање и систематизирање на сметководствените настани и
нивно процесирање во вид на информации
11.Што е систем на двојно книговодство
-Секој економски настан предизвикува двоен ефект зголемување
или намалување,или само зголемување или само намалување на две
сметководствено-економски категории,Се карактеризира со објективност,перманентност,и
континуитет.Преставува целосна,сеопфатна евиденција.
12.Што се средства
-Економски ресурси со кои располага,односно користи и
контролира едно претпријатие,како резултат на активностите на претпријатието во
минатото од кои се очекуваат добивки воо иднина,
13.Што се обврски
-Дел од изворите на средства кои претпријатието ги стекнало
од трансакциите во врска со обезбедување на средства,користењето на услуги или
стекнувањето со други користи.
14.Што е сопствениски капитал и видови:
Е дел од изворите на средства и тој е всушност правото на
сопстевениците или сопственикот над средствата.акционерски капитал,индивидуален
капитал,нераспределена добивка
15.Што се расходи:
-Преставуваат намалување на еконосмките ресурси поради одлив
или намалување на средствата или стекнувањето на обвски како резултат на
секојдневната деловна активност на претпријатието
16.Што се приходи
-Зголемување ан економските ресурси во претпријатието поради
прилив на средтва или намалување на обврските,од вообичаената активност на
претпријатието,односно од продажба на производи и услуги како и по други основи
како што се камати,ренти идр.
17.Што е добивка
-Преставува зголемување на капиталот на претпријатието како
резултат на редовната и нередовната активност на претпријатието,-Разлика меѓу
вкупните приходи и расходи..Се јавува како добивка пред оданочување(бруто
добивка) и добивка по оданочување(нето добивка)
18.што е загуба
-Преставува намалување на капиталот на претпријатието како
разлика помеѓу поголемите вкупни расходи и помалите вкупни приходи од редовната
и нередовната активност на претпријатието во еден пресметковен период.
19.Што е сметководствен настан
Е деловен настан кој може да се измери во вредност во пари и
кој со неговото настанување предизвикува промени кај сметководствените
категории:средства,обврски,капитал,приходи и расходи.
20.Што е пресметковен период:
Познат како сметководствен период е временски период во кој
се врши пресметка на финансискиот резултат во претпријатието.
21.Што е попис
-Пописот значи усогласување на фактичката,стварната состојба
на средствата и нивните извори.,и може да биде редовен(крај на деловна година)
или вонреден(се прави по потреба),континуиран попис(се однесува на цела
година-благајна,залиха на суровини и материјали,резервни делови,готовина)
22.Видови на книговодствени документи:
Интерни,екстерни,оригинални,изведени и основни документи.
23.Што се деловни книги
Се подразбираат обрасци кои можат да бидат поврзани во
слободни листови или во електронска фома или во нив во текот на годината се
врши системско и хронолошко книжење.
25.Што е дневник
Дневникот е деловна книга во којашто според хронолошки
редослед се евидентираат настаните,деловните промени
26.ШТо е глава книга
Сметководствените промени се вршат системски и хронолошки врз
основа на податоците од билансот на состтојба и билансот на успех.
27.Што се аналитички деловни книги
Тие се деловни книги во коишто се води аналитичка евиденција
за средствата,обврските,капиталот,приходите и расходите кај деловните
субјекти.аналитика евиденција значи и расчленување на синтетичките сметки на
помошни сметкки
28.видови на аналитичка евиденција на синтетички сметки
Аналитичка евиденција на основните средтсва,аналитичка
евиденција на суровини и материјали,аналитичка евиденција на купувачи,аналитичка
евиденција на трошоци.
29.Што е заклучен лист.
Служи за полеснхо иготвување на финансиски извештаи,биланс
на состојба и биланс на успех .Се оизготвува по собирање на прометот на
сметките на главната книга
30.Што е сметководен капитал
Преставува збир на сметки коишто се логички специфицирани и
систематизирани во целина кое што деловниот субјект го води своето книговодство
31.Класи на сметководен план
Класа 0-побарувања за запишан и неуплатен капитал и
постојани средства
Класа 1-парични средства,хартии од вредност,краткорочни побарувања и платени
трошоци за идни периоди и недостасана наплата за приходи
Класа 2-Обврски,долгорочни резервирања за трошоци и ризици и
одложување плаќање на трошоци и приходи во идниот период.
Класа 3-Залихи на суровини,материјали,резервни делови и
ситен инвентар
Класа4.Трошоци и расходи од работењето
Класа5.слободна класа за интерна употреба,погонски пресметки
и други потреби
Класа 6:залихи на производство,готови производи и стоки
Класа 7:Расходи и приходи
Класа8:Резултати од работењето
Класа 9:Капитал,резерви и вонбилансна евиденција
32.Како се делат средствата
-Постојани и тековни(обртни) средства
33.Карактеристики на постојните средства
-долгогодишна употреба,нивно постепено трошење,високи
финансиски средства за нивна набавна вредност и морална и економска застареност
34.Како се делат постојните средства
Нематеријални средства,материјални средства и долгорочи
финансиски вложувања
35.Кои средства се
нематеријални средства
-издатоци за истражување и развој,оснивачки вложувања,патенти,лиценци,концесии,гудвил и др.
36.Како се делат материјалните средства
-Природни богатства(земјишта и шуми,градежно и земјоделско
земјиште,ливади и пасишта)
-Средства за работа-во
употреба-(градежни објекти,постројки и опрема,повеќегодишни насади и
основно стадо),во подготовка(вложувања
во тек на градежни објекти,вложувања во тек на опрема,вложувања во тек на
долгогодишни насади,запрени вложувања) ,надвор
од употреба(расходовани средства,застарени машини,средства за ликвидација)
-Останати материјални
средтсва(антиквитети,споменици,накит,оружје,книги идр.)
37.кои се долгорочни финансиски вложувања
-вложувања во поврзани претпријатија,влож. Во акции и други
хартии од вредност,влож. Во домашни и странски банки,дадени кредити,дадени
депозити и кауции,задолжителни долгорочни вложувања идр.
38.Кои се тековни (обртни) средства и како се делат
Тековни средства се оние кои го менуваат својот облик и вид
и никогаш не се враќаат во првобитната форма
Се делат на:парични средства,хартии од вредност,краткорочни
побарувања од работењето,краткорочни финансиски вложувања,залихи,други
краткорочни побарувања и вложувања.
39.Основна сметководствена равенка
Капитал=Средства-Обврски
40.Како се делат обврските
Долгорочни(спрема поврзани субјекти,по основ на заеми и кредити,за
аванси депозити и кауции,спрема добавувачи,по основ на хартии од вредност и др)
Краткорочни обврски(крат. Обврски од работењето,крат.
Финансиски обврски.останата крат. обврски )
41.Што преставува биланс на состојба
=Преглед на вкупните средства и извори на средства за
одреден временски период,секогаш е во рамнотежа.вкупните средства –лева
страна-актива мора да биде еднаков со вкупните извори на средства и сопствениот
капитал-десна страна –пасива.Билансна рамнотежа.
Актива пасива
СРЕДСТВА
=
КАПИТАЛ+ОБВРСКИ
42.Принципи на билансирање :
Постојат два принципи
1.Принципи во врска со
начинот на подредување,односно редослед на одредени позиции на
билансот,во нив спаѓаат :сигурност,ликвидност,сопстевност и намена.
2.Принципи во врска со точноста,реалноста на презентираните
податоци во билансот на состојба.
1а:Постојните средства се групираат според принципот на
сигурност,нивниот редослед започнува со најндевижните средства и продолжува со
помалку движните
1б:Тековните средства се групираат според принципот на
ликвидност,тоа значи дека определени обртни средства побрзо се претвораат во
пари.Најликвидни се паричните средства
1в:Во пасивата изворите се групираат врс основа на принципот
на сопственост.значаен принцип е и принципот на намена (како ќе бидат користени
средствата-нивна намена)
2-а-.Збирот на активата мора да биде еднаков на
пасивата.Тука спаѓа и принципот на контиунитет ,принципот на
претпазливост,принципот на условеност идр..значи запазување на билансната
рамнотежа.
43.Што е биланс на успех
Извештај што го покажува финансискиот резултат на крајот од
пресметковниот период или означува финансиска состојба за тој временски
период.ги прикажува салдата на приходите и расходите.
44.Од што се сотојат приходите во билансот на успех
:Приходи од редовно работење-продажба на производи и вршење
на услуги,Приходи од камати,Приходи од позитивни курсни разлики,Дивиденда од
сопствени акции,вонредни приходи-вишоци,наплатени казни,пенали
45. Од што се сотојат расходите во билансот на успех
-Расходи на продадени производи,р-ди од редовно
работење,р-ди од финансиско работење,р-ди од вонредно работење.
46.Основни концепти на сметководсвеното информирање кај
билансот на успех
-концепт на внимателност,концепт на значајност,концепт на
реализација,концепт на спротиставување.
47.Хартии од вредност
-Чекови и меници,благајнички записи,обврзници и др.
Меници се хартии од вредност кои не се наплатуваат по
видување во номиналната вредност е вклучена и каматата.
48.готови производи
-Преставуваат учиноци кои ја преставуваат вредноста на
завршеното производство од вкупните вложувања во претпријатието.Готовите
производи на залиха можат да се водат по фактичка цена на чинење или по планска
цена на чинење.Кога на залиха готовите производи се водат по планска цена на
чинење расходите треба да се корегираат за
реализираното отстапување од планска цена на чинење на продадените
производи.
49.Евиденција на залихи
Залихите преставуваат тековни(обртни) средства што се
наоѓаат во магацините на препријатијата.Можат да се сретнат како :готови
производи на залиха,стоки на залиха,суровини и материјали на залиха,резервни
делови на залиха,ситен инвертар на залиха,амбалажа и автогуми на залиха идр.
50.Поим за материјали-
Материјали се подразбираат набавените предмети за работа со
цел да бидат потрошени во самото претпријатие.Потребни документи за набавка на
материјали се:Испратница,Фактура,Приемница,Фактури за превоз,Товарни
листови,Коносман,Царински пресметки др. Цените по кои се водат материјалите
можат да бидат:набавни и Плански цени.
51.Поим за трошоци
-Трошоци се вредносно изразени трошења на средствата и
трудот што се составен дел на цената на чинење на учиноците. Издавањето на
материјалите од магацинот се врши со документот ТРЕбување.Постојат следните
поделби на трошоците:Трошоци по природни видови,Директни и индиректни
трошоци,трошоци по места и по носители,(Фактички,плански и
стандардни),(фиксни,варијабилни и полуфиксни),маргинални,други видови на
трошоци.
52.Ситен инвертар
Како ситен инвертар се третираат средствата за работа чиј
век на траење е помал од една година и средствата кои имаат поединечна вредност
помала од определен лимитиран износ.Издавањето може да биде:метод на еднократно
отпишување,метод на искажување на трошокот со 50% при самото издавање во
употреба,метод на месечни калкулативни отписи.
53.Останати разни краткорочни побарувања
Можат да бидат(дадени аванси,депозити и кауции),(вложувања
во заедничко работење),(краткорочни финансиски вложувања),(побарување од
работници),(побарување од државни
институции)
Where to find casino games near me in Michigan - DRMCD
ReplyDeleteFind casino games near you in Michigan. Michigan online 익산 출장안마 casinos 파주 출장샵 list as of Dec. 16, 당진 출장안마 2020. You 공주 출장샵 may come across casino games with no 포항 출장안마 deposit bonuses,