Wednesday, February 15, 2017

Испитни прашања по предметот Деловна етика

Прашања за Деловна етике 1 семестар
1.?Што е етика
-Етика е дел од филозофиујата,наука за моралот,чиј предмет на истражување се основните карактеристики на крајните вредности и стандарди,според кои може да се суди за тоа што е правилно,а што погрешно во дејствувајнето на човекот.
2.кои се првите антички мислитетели  за науката за моралот(етиката)
-Сократ-сметал дека доблест е да се сврти човекот кон своите внатрешни,чивечки вредности,да се однесува правилно и дека знаењето ги прави луѓето самосвесни за своето постоење.
-Аристотел-Утврдува етички систем заснован на само-реализирање,според кој кога човекот се однесува според својата природа и кога го реализира целосно својот потенцијал,тој ќе прави добро и ќе биде задоволен.
3.Кои се трите основни насоки на кои се дели науката за етика:
-Нормативна етика-ги вклучува практични начини за утврдување на еден морален курс на дејствување,односно го проучува воспостувањето на нормите или на стандардите на однесување..
-Метаетика-се занимава со природата на етичката оцена(суд) и теориите,односно со теоретскот значење на моралните предлози и определување на нивната вистинска вредност.Главни метаетички теории се:емотивизам,прескептицизам,натурализам.
-Применета етика:преставува примена на нормативните етички теории во практичните морални проблеми(деловната етика,правната етика,медицинска етика итн.
4.Учење за етиката според конфучие
-Етички систем на вредности,според кој била втемелена и кинеската држава низ целиот феудален период.Неговото учење содржи 3 основни концепти:ритуал,правилно(исправно) и човекољубието.
5.Основни концепти за етиката според Емануел Кант
-Три основни концепти:
-Добрата воља(good will)-како добро без квалификации (како на пример здравјето,кое се квалификува како лошо,подобро итн.),според тоа,волјата која ја следи моралниот закон.
-Поимот за должност(duty)-човекот презема определена акција,не затоа што му е тоа обврска,туку затоа што е според неговите морални ставови за обврска,за должност,за доблест на секого.
-Поим за заповеди/императиви-кој може да биде хипотетички(претпоставен),условен од желбите на човекот(Пр ако сакам да станам доктор-треба многу да учам).Се работи за однапред утврдени цели,втемелени во личниот интерес на човекот.
6.Што е деловна етика
-Деловната етика е неизбежна компонента на теориите за раководењето(менаџментот) и обврска на раководителите(менаџерите) да се однесуваат етички кон сите вработени и заинтересирани во една организација.Деловната етика спаѓа во применета етика но едновремено се вбројува и во нормативната етика,со оглед на тоа што содржи нормативи и правила за однесувањето во текот на работењето и стопанисувањето.Деловната етика преставува дел од филозофијата на деловното работење,односно компонента на филозофската теороја која ги третира филозофскирте,политичките и етичките аспекти на основата на економијата и деловното работење.Започнува да се применува некаде во 70 тите  години од минатиот век во американските академски кругови..
7.кои основни карактеристики треба да ги поседува раководителот:
-лични особини(екстраверност,пријатност,истрајност,оригиналност,желба за успех и др.)
-вредности(како лични верувања за животните цели)-инструментални,норми,вредносен систем
-ставови-означуваат личен збир на чувстав и верувања-задоволство од работно место,ефективноста и добивање на компаративна предност идр.
-волја-како чувство или состојба на умот
-емоции-
8.Што се етички стандарди
Етички стандарди се принципи во однесувањето,што се следат и ги афирмиратт универзалните вредности на човечкиот живот како доверба,добро однесување,праведност,добрина
9.Што е етичка дилема
-Етичка дилема е ситуација во која се бара избор на определени дејства и акции,кои,иако се корисни за личните или организациските интерески,можат да бидат неетични.извори на етичи проблеми во организациите се:личната добивка,вредностите и ставовите на раководителите,притисоци на конкуренцијата и др.
10.кои се најзначајни етички дилеми:
Неточно и намерно погрешно прикажуавње на деловните резултати,неточно информирање на вработените за состојбата на организацијата,нелојалност на вработените кон организацијата и обратно,непочитување договори ,фаворизирање на едни за сметка на други ,соработка со недоволно етички партнери идр.
11.Како се делат етичките дилеми
-Отворени дилеми-наметнуваат задолжително и брзо донесување на определно решение,со цел да не се изгуби добриот глас и углед на организацијата ,а не е исклучено и вклучување на фактори од непосредното деловно опкружување.
-скриени дилеми-се појавуваат по подолго време на постоење на опредеелен проблем на решавање,чие решение не може да се наде бргу.
12.Кои се моделите на определување на етичноста  на одлуките на раководните лица
-4 модели-утилитарен модел на етика,индивидуален модел,модел на морални права,модел на правичност.
-Утилитарен(корисен)модел-Според овој метод,етичко решение е она морално решение/одлука коешто носи најмногу добро на најголем број луѓе.
-Индивидуален модел-преставува етички концепт чии дејства се морални кога се промовираат најдобрите долгорочни интереси на поединецот,што водат конечно кон најзначајното добро.
-Модел на морални права- е етички приод кон моралните одлуки што ги поддржуваат најдобро правата на оние луѓе кон кои се насочени. И се состои  од 6 морални права:право на слободна согласност,право на приватност,право на слободна волја,право на слободен говор,право за правен процес,право на живот и безбедност.
-модел на правичост-е етички концепт при што моралните одлуки мора да бидат засновани на стандардите на еднаквост,фер/праведност и неделивост. 3.Три вида правда што се грижа на раководителите:дистибутивната(бара различен третман на луѓето да не биде базиран на самоволие),процедурална правда(бара правилата за се спроведуваат праведно/фер),компензаторска правда(значи дека на индивидуите треба да име се надополни направената штета од другите или за она за што не се одговорни)
13.Кои се основните форми на институонализација на деловна етика во една организација
-етички кодекс на однесување,програми и обуки за етичко однесување,формирање на комитети,одбори,тела  и референт иза следење на етичкото однесување во деловното работење.
14.кои се изворите на етичкиот кодекс и нивно значење
-социјална етика(преставува збир од стандарди што  упатуваат на тоа како членовите на опшеството треба даа се справат меѓу себе,како што се правилно и  и праведно однесување,надминување на сиромаштијата и правата на поединецот).
-Професионалнат етика-постојат 4 обврски кои треба да се почитуваат во сите организации:обврска да не се нанесува зло,да се почитува слободниот претприемачки дух,потреба за чесност и обврска за  соодветно однесување на организацијата.
-Индивидуалната етика-ги преставува личните стандарди и вредности кои ги користат поединците во комуницирањето/општењето и меѓусебното дејствување.
15.Личен морал на раководителите и  на вработените
-личноста на раководителот треба да се состои од карактеристики,вредности и доблести како:искреност,искажување почит,уважување на индивидуалните особености,чесностѕ,внимателност,дисциплина,ред идр.
16.Содржина на етичкиот кодекс
-Се состои од 4 дела и тоа:
Верување/кредо,филозофијата и тврдени вредности на организАцијата-(се состои од опредеување на одговорностите кон потрошувачите,акционерите,вработените,добавувачите)
Упатства и начини за донесување етички одлуки-(ги апострофира прашањата битни за организацијата како:односот кон доставувачите,заштита на доверливи информации и тајни,давање на подароци,однос кон конкуренцијата)
Правила што забрануваат или што бараат определени однесувања-(правила за забрана на определени нечесни и некоректни дејности и однесувања,како што е поткуп,ниските удари и други нелегани,неетички однесувања)
Дефиниции и илустарции-(дефинирањето на клучните прашања има особено значење бидејќи се отстрануваат недоразбирањата на вработените,)
17.за што служат програмите и обуките за етичко однесување
-со нив се обезбедува,утврдените упатства за етичко однесување и решавање и справување со етичките проблеми и наметнати дилеми/двоумења да се презентираат на вработените и да се понуди начин на нивно решавање.
18.За што се оформува етичкиот комитет-
Се оформуваат за цел да се утврдат механизми со кои ќе влијаат на одржување на високи морални и етички стандарди во секојдневното работење и дејствување, но и за решавање на низа етички дилеми.Преставува група од извршители  кои ја надгледуваат организациската етика и нејзиното спроведување.
19.Оганизациска култура и морални норми
-Преставува збир на вредности,норми,стандарди за однесување и очекување дека влијанието на поединците,групите дејствува интерактивно на нив и е во насока на соработка во интерес на достигнување на организациските цели.
20.Столбови на етичка организација-Се состои од три столба
-етички индивидуи,-раководителите кои треба да имаат во себе интегритет и чесност
-етичко лидерство-означува оформување(моделирање) на едички личности,потпомагање на етичките вредности на организацијата,наградување на етичкото однесување,брзо дисциплинирање на неетичко однесување.
-организациски структури и системи-преставува збир на инструменти што ги користат раководителите во утврдувањето на вредностите и во промовирањето на етичко однесување во организацијата.Поважнои мерки се:етичкиот кодеск,етичките структури,подршка на информатори-свиркачи,етички комитети,култура на организацијата,обуки за етика и др.
21.Што е опшествена/социјална одговорност
-Преставува обврска на раководителите/менаџерите да направат избори и да преземат активности што ќе придонесат за благосостојбата и интересите на опшеството,како и организацијата.
22.Како се дели социјалната одговорност
-економска,законска,етичка и дискрециона
-економска—во прв ред е рентабилноста,да се прозведуваат стоки и услуги со кои ќе се остварат позитивни резултати
-законска-почитување на законите и прописите на државата
Етичка-вклучува непишани правила и однесувања што не се  утврдени според закон и дирктно не се во функција на економските интереси на организацијата,одлуките и решенијата на организацијата идр.
-дискрециона одговорност-преставуав социјален придонес на организацијата кон заедницата,на доброволна основа.
23.Приоди кон опшествената одговорност на раководителите
Приод на опструкција-е приод на раководителите кој означува непочитување на етичките норми на однесување,неодговорно однесување кон вработените и околината,со кои се прикрива неетичкото и противзаконското однесување.
Приод на одбрана-означува постоење на  минимална обврзаност кон социјалната обврзаност.Раководителот го прави неопходното ,само она минимално што е нужно за да биде задоволена формалната законска обврска.
Приод на приспособување-преставува балансирана и умерена обврзаност кон социјалната одговорност,иако понекогаш постојат и дејствувања и активности што означуваат желба да се направи и повеќе отколку што бара законот.
Приод на проактивност-означува имање на голема обврска кон социјалната одговорност,со желба да се направи многу повеќе отколку што бара самиот закон.
24.Што е дискриминација
-Дискриминација значи различен третман на исти лица,врз основа на определени предрасуди,необјективни ставови засновани на припадност на различен пол,вера,раса,старост,сексуална определба идр.
25.Кои се двете димензии на различната работна сила
-Примарна димензија на разлничностите на  една личност(пол,години,националност,раса,секслуална/полова припадност,физичка способност)
-Секундарна димензија на различностите на една личност(образование,религиозниверувања,воено искуство,географска локација,приход,брачен и родителски статус)
26.Етноцентризам,монокултура,етнорелативизам
-Етноценетризам означува верувае и практикување на ставот дека единствено една група и супкултура се супериорна на другите групи
Монокултура –преставува култура што прифаќа и применува само единствен начин  и збир на вредности и верувања.
-Етнорелативизам-означува еднаквост на сите групи и супкултури,плурализам,приспособување на организацијата кон повеќе супкултури.
27.Што е дистрибутивна правда а што процедурална правда
Дистрибутивна правда –се однесува на распределувањето  на згоемувањето на платите,унапредувањата и на другите ресурси на организацијата,базирани на значајни придонеси што ги прават поединците во организацијата, на праведен начин.(времето,напорите,образованието,вештините,способноста и работата)
Процедурална правда-морален прицип со кој се нарекува користењето на праведни постапки за да се определи како да се дистрибираат резултатите/добивката на членовите на организацијата.
28.Основни чекори кои треба да ги преземат раководителите за надминување на различни пречки и предрасуди кај разликата на работна сила
-обезбедување заедничка обврска за еднаков третман на различната работна сила
-настојување за јакнење на точноста на перцепирањето
-јакнење на свеста за различностите
-наградување на раководителите з добро раководее со различна работна сила
-обезбедување на тренинзи
-менторирање.
29.Чекори против сексуално вознемирување
-развој и примена на јасна политика против сексуалното вознемирување.
-штом се појави проблем ,веднаш да се превземат мерки
-воведување праведна процедура за испитување на обвиненијата за сексуално вознемирување
-воведување едукативни курсеви и обуки за сите
-општа осуда на таквото однесување









No comments:

Post a Comment