Wednesday, February 15, 2017

Испитни прашања по предметот Основи на сметководство

Прашања за Основи на сметководство  1 Семестар
1.Што е сметководство
-Процес на идентификација,мерење и соопштување на економските информации со цел да се обезбеди информирано просудување и донесуање одлуки од страна на корисниците на информации
2.Што е книговодство
-Книговодството е дел од сметководството кој врши евидентирање,собирање,систематизирање на податоците и од тој аспект тој е база на податоци на  сметководствениот систем кко најзначаен негов дел
3.Што опфаќа сметководството како информациски систем
-целите,задачите,етапите и корисниците на средства
4.Какви типа на Сметковоствени модели постојат
-финансиско-сметководствен(се карактеризира со создавање на сметководствена информација која се однесува на деловниот субјект за употреба на лица надвор од него)
-управувачко-сметководствен (обезбедува финансиски информации внатре во деловниот субјект-и може да бидат и други модели пр :модел на трошоци,модел на планирање на парични текови др.)
5.Какви вида на процеси се случуваат во  СИС
Обработка на настани,Обработка на информации
6.Кои се надворешни деловни настани
Продажба на производи,купување на суровини и материјали и постојан имот од снабдувачи,приходи,расходи и др.
7.Од што се состои Сметководствениот информациски ситем
-книговодство(се врши документарна и формална евиденција во која хронолошки и системски се евидентираат настанатите деловни промени(настани кои можат вредносно да се изразати предизвикуваат промени кај средствата ,изворите,трошоците,приходите и расходите) во деловниот субјект –финанскиски извештаии како биланс на состојба,биланс на успех
-Сметководствено планирање-се однесува на настани кои веќе се настанати и се предмет на обработка на идното работење за да се изврши споредување на оствареното со планираното.
-Сметководствена контрола-врши отценување на правилноста на работењето и отстранувањето на неправилностите во рамките на деловниот субјект и може да биде организирана на интерен и екстерен начин.
-Сметководствена Анализа-врши споредување на бонитетот на работењето по пат на споредби на сметководстевните тековни извештаи од книговодство со планските сметководствени извешати кои се продукт на сметководственото планирање.,врши споредување,расчленување,и анализирање и утврдување на отстапувањатаи нивните причини.
Сметководствено информирање-врши пренесување на сметководствените податоци и информации до крајните корисници
8.На што се дели современиот современиот сметководствен информациски ситем
-финансиско сметководство(дава основни податоци за биланс на сосѕојба и биланс на успех)
-сметководство на трошоци(аналитичко сметководство за интерното работење на претпријатието)
-управувачко сметководство(произлегува од давање на значајни податоци на корисниците на информации и е база на податоци на менаџментот и се користи во процесот на одлучување)
9.Кои се корисници на сметководствените информации
-Интерни(управен одбор,работодавни органи,собрание на акционери,извршни органи,работници и синдикати)
-Екстерни корисници (државни органи,даночни органи,банки и кредитори,акционери,добавувачи,купувачи,стопанска комора,пензиски фондови,осигурителни фондови,асоцијација на потрошувачи)
10.Што е сметководствена постапка
-Се состои од низа процеси кои овозможуваат идентификација,регистрирање и систематизирање на сметководствените настани и нивно процесирање во вид на информации
11.Што е систем на двојно книговодство
-Секој економски настан предизвикува двоен ефект зголемување или намалување,или само зголемување или само намалување на две сметководствено-економски категории,Се карактеризира со објективност,перманентност,и континуитет.Преставува целосна,сеопфатна евиденција.
12.Што се средства
-Економски ресурси со кои располага,односно користи и контролира едно претпријатие,како резултат на активностите на претпријатието во минатото од кои се очекуваат добивки воо иднина,
13.Што се обврски
-Дел од изворите на средства кои претпријатието ги стекнало од трансакциите во врска со обезбедување на средства,користењето на услуги или стекнувањето со други користи.
14.Што е сопствениски капитал и видови:
Е дел од изворите на средства и тој е всушност правото на сопстевениците или сопственикот над средствата.акционерски капитал,индивидуален капитал,нераспределена добивка
15.Што се расходи:
-Преставуваат намалување на еконосмките ресурси поради одлив или намалување на средствата или стекнувањето на обвски како резултат на секојдневната деловна активност на претпријатието
16.Што се приходи
-Зголемување ан економските ресурси во претпријатието поради прилив на средтва или намалување на обврските,од вообичаената активност на претпријатието,односно од продажба на производи и услуги како и по други основи како што се камати,ренти идр.
17.Што е добивка
-Преставува зголемување на капиталот на претпријатието како резултат на редовната и нередовната активност на претпријатието,-Разлика меѓу вкупните приходи и расходи..Се јавува како добивка пред оданочување(бруто добивка) и добивка по оданочување(нето добивка)
18.што е загуба
-Преставува намалување на капиталот на претпријатието како разлика помеѓу поголемите вкупни расходи и помалите вкупни приходи од редовната и нередовната активност на претпријатието во еден пресметковен период.
19.Што е сметководствен настан
Е деловен настан кој може да се измери во вредност во пари и кој со неговото настанување предизвикува промени кај  сметководствените категории:средства,обврски,капитал,приходи и расходи.
20.Што е пресметковен период:
Познат како сметководствен период е временски период во кој се врши пресметка на финансискиот резултат во претпријатието.
21.Што е попис
-Пописот значи усогласување на фактичката,стварната состојба на средствата и нивните извори.,и може да биде редовен(крај на деловна година) или вонреден(се прави по потреба),континуиран попис(се однесува на цела година-благајна,залиха на суровини и материјали,резервни делови,готовина)
22.Видови на книговодствени документи:
Интерни,екстерни,оригинални,изведени и основни документи.
23.Што се деловни книги
Се подразбираат обрасци кои можат да бидат поврзани во слободни листови или во електронска фома или во нив во текот на годината се врши системско и хронолошко книжење.
25.Што е дневник
Дневникот е деловна книга во којашто според хронолошки редослед се евидентираат настаните,деловните промени
26.ШТо е глава книга
Сметководствените промени се вршат системски и хронолошки врз основа на податоците од билансот на состтојба и билансот на успех.
27.Што се аналитички деловни книги
Тие се деловни книги во коишто се води аналитичка евиденција за средствата,обврските,капиталот,приходите и расходите кај деловните субјекти.аналитика евиденција значи и расчленување на синтетичките сметки на помошни сметкки
28.видови на аналитичка евиденција на синтетички сметки
Аналитичка евиденција на основните средтсва,аналитичка евиденција на суровини и материјали,аналитичка евиденција на купувачи,аналитичка евиденција на трошоци.
29.Што е заклучен лист.
Служи за полеснхо иготвување на финансиски извештаи,биланс на состојба и биланс на успех .Се оизготвува по собирање на прометот на сметките на главната книга
30.Што е сметководен капитал
Преставува збир на сметки коишто се логички специфицирани и систематизирани во целина кое што деловниот субјект го води своето книговодство
31.Класи на сметководен план
Класа 0-побарувања за запишан и неуплатен капитал и постојани средства
Класа 1-парични средства,хартии  од вредност,краткорочни побарувања и платени трошоци за идни периоди и недостасана наплата за приходи
Класа 2-Обврски,долгорочни резервирања за трошоци и ризици и одложување плаќање на трошоци и приходи во идниот период.
Класа 3-Залихи на суровини,материјали,резервни делови и ситен инвентар
Класа4.Трошоци и расходи од работењето
Класа5.слободна класа за интерна употреба,погонски пресметки и други потреби
Класа 6:залихи на производство,готови производи и стоки
Класа 7:Расходи и приходи
Класа8:Резултати од работењето
Класа 9:Капитал,резерви и вонбилансна евиденција
32.Како се делат средствата
-Постојани и тековни(обртни) средства
33.Карактеристики на постојните средства
-долгогодишна употреба,нивно постепено трошење,високи финансиски средства за нивна набавна вредност и морална и економска застареност
34.Како се делат постојните средства
Нематеријални средства,материјални средства и долгорочи финансиски вложувања
35.Кои средства  се нематеријални средства
-издатоци за истражување и развој,оснивачки вложувања,патенти,лиценци,концесии,гудвил  и др.
36.Како се делат материјалните средства
-Природни богатства(земјишта и шуми,градежно и земјоделско земјиште,ливади и пасишта)
-Средства за работа-во употреба-(градежни објекти,постројки и опрема,повеќегодишни насади и основно стадо),во подготовка(вложувања во тек на градежни објекти,вложувања во тек на опрема,вложувања во тек на долгогодишни насади,запрени вложувања) ,надвор од употреба(расходовани средства,застарени машини,средства за ликвидација)
-Останати материјални средтсва(антиквитети,споменици,накит,оружје,книги идр.)
37.кои се долгорочни финансиски вложувања
-вложувања во поврзани претпријатија,влож. Во акции и други хартии од вредност,влож. Во домашни и странски банки,дадени кредити,дадени депозити и кауции,задолжителни долгорочни вложувања идр.
38.Кои се тековни (обртни) средства и како се делат
Тековни средства се оние кои го менуваат својот облик и вид и никогаш не се враќаат во првобитната форма
Се делат на:парични средства,хартии од вредност,краткорочни побарувања од работењето,краткорочни финансиски вложувања,залихи,други краткорочни побарувања и вложувања.
39.Основна сметководствена равенка
Капитал=Средства-Обврски
40.Како се делат обврските
Долгорочни(спрема поврзани субјекти,по основ на заеми и кредити,за аванси депозити и кауции,спрема добавувачи,по основ на хартии од вредност и др)
Краткорочни обврски(крат. Обврски од работењето,крат. Финансиски обврски.останата крат. обврски )
41.Што преставува биланс на состојба
=Преглед на вкупните средства и извори на средства за одреден временски период,секогаш е во рамнотежа.вкупните средства –лева страна-актива мора да биде еднаков со вкупните извори на средства и сопствениот капитал-десна страна –пасива.Билансна рамнотежа.
Актива                                                        пасива
СРЕДСТВА                   =                       КАПИТАЛ+ОБВРСКИ
42.Принципи на билансирање :
Постојат два принципи
1.Принципи во врска со  начинот на подредување,односно редослед на одредени позиции на билансот,во нив спаѓаат :сигурност,ликвидност,сопстевност и намена.
2.Принципи во врска со точноста,реалноста на презентираните податоци во билансот на состојба.
1а:Постојните средства се групираат според принципот на сигурност,нивниот редослед започнува со најндевижните средства и продолжува со помалку движните
1б:Тековните средства се групираат според принципот на ликвидност,тоа значи дека определени обртни средства побрзо се претвораат во пари.Најликвидни се паричните средства
1в:Во пасивата изворите се групираат врс основа на принципот на сопственост.значаен принцип е и принципот на намена (како ќе бидат користени средствата-нивна намена)
2-а-.Збирот на активата мора да биде еднаков на пасивата.Тука спаѓа и принципот на контиунитет ,принципот на претпазливост,принципот на условеност идр..значи запазување на билансната рамнотежа.
43.Што е биланс на успех
Извештај што го покажува финансискиот резултат на крајот од пресметковниот период или означува финансиска состојба за тој временски период.ги прикажува салдата на приходите и расходите.
44.Од што се сотојат приходите во билансот на успех
:Приходи од редовно работење-продажба на производи и вршење на услуги,Приходи од камати,Приходи од позитивни курсни разлики,Дивиденда од сопствени акции,вонредни приходи-вишоци,наплатени казни,пенали
45. Од што се сотојат расходите во билансот на успех
-Расходи на продадени производи,р-ди од редовно работење,р-ди од финансиско работење,р-ди од вонредно  работење.
46.Основни концепти на сметководсвеното информирање кај билансот на успех
-концепт на внимателност,концепт на значајност,концепт на реализација,концепт на спротиставување.
47.Хартии од вредност
-Чекови и меници,благајнички записи,обврзници и др.
Меници се хартии од вредност кои не се наплатуваат по видување во номиналната вредност е вклучена и каматата.
48.готови производи
-Преставуваат учиноци кои ја преставуваат вредноста на завршеното производство од вкупните вложувања во претпријатието.Готовите производи на залиха можат да се водат по фактичка цена на чинење или по планска цена на чинење.Кога на залиха готовите производи се водат по планска цена на чинење расходите треба да се корегираат за  реализираното отстапување од планска цена на чинење на продадените производи.
49.Евиденција на залихи
Залихите преставуваат тековни(обртни) средства што се наоѓаат во магацините на препријатијата.Можат да се сретнат како :готови производи на залиха,стоки на залиха,суровини и материјали на залиха,резервни делови на залиха,ситен инвертар на залиха,амбалажа и автогуми на залиха идр.
50.Поим за материјали-
Материјали се подразбираат набавените предмети за работа со цел да бидат потрошени во самото претпријатие.Потребни документи за набавка на материјали се:Испратница,Фактура,Приемница,Фактури за превоз,Товарни листови,Коносман,Царински пресметки др. Цените по кои се водат материјалите можат да бидат:набавни и Плански цени.
51.Поим за трошоци
-Трошоци се вредносно изразени трошења на средствата и трудот што се составен дел на цената на чинење на учиноците. Издавањето на материјалите од магацинот се врши со документот ТРЕбување.Постојат следните поделби на трошоците:Трошоци по природни видови,Директни и индиректни трошоци,трошоци по места и по носители,(Фактички,плански и стандардни),(фиксни,варијабилни и полуфиксни),маргинални,други видови на трошоци.
52.Ситен инвертар
Како ситен инвертар се третираат средствата за работа чиј век на траење е помал од една година и средствата кои имаат поединечна вредност помала од определен лимитиран износ.Издавањето може да биде:метод на еднократно отпишување,метод на искажување на трошокот со 50% при самото издавање во употреба,метод на месечни калкулативни отписи. 
53.Останати разни краткорочни побарувања
Можат да бидат(дадени аванси,депозити и кауции),(вложувања во заедничко работење),(краткорочни финансиски вложувања),(побарување од работници),(побарување од државни  институции)
                             










Испитни прашања по предметот Деловна етика

Прашања за Деловна етике 1 семестар
1.?Што е етика
-Етика е дел од филозофиујата,наука за моралот,чиј предмет на истражување се основните карактеристики на крајните вредности и стандарди,според кои може да се суди за тоа што е правилно,а што погрешно во дејствувајнето на човекот.
2.кои се првите антички мислитетели  за науката за моралот(етиката)
-Сократ-сметал дека доблест е да се сврти човекот кон своите внатрешни,чивечки вредности,да се однесува правилно и дека знаењето ги прави луѓето самосвесни за своето постоење.
-Аристотел-Утврдува етички систем заснован на само-реализирање,според кој кога човекот се однесува според својата природа и кога го реализира целосно својот потенцијал,тој ќе прави добро и ќе биде задоволен.
3.Кои се трите основни насоки на кои се дели науката за етика:
-Нормативна етика-ги вклучува практични начини за утврдување на еден морален курс на дејствување,односно го проучува воспостувањето на нормите или на стандардите на однесување..
-Метаетика-се занимава со природата на етичката оцена(суд) и теориите,односно со теоретскот значење на моралните предлози и определување на нивната вистинска вредност.Главни метаетички теории се:емотивизам,прескептицизам,натурализам.
-Применета етика:преставува примена на нормативните етички теории во практичните морални проблеми(деловната етика,правната етика,медицинска етика итн.
4.Учење за етиката според конфучие
-Етички систем на вредности,според кој била втемелена и кинеската држава низ целиот феудален период.Неговото учење содржи 3 основни концепти:ритуал,правилно(исправно) и човекољубието.
5.Основни концепти за етиката според Емануел Кант
-Три основни концепти:
-Добрата воља(good will)-како добро без квалификации (како на пример здравјето,кое се квалификува како лошо,подобро итн.),според тоа,волјата која ја следи моралниот закон.
-Поимот за должност(duty)-човекот презема определена акција,не затоа што му е тоа обврска,туку затоа што е според неговите морални ставови за обврска,за должност,за доблест на секого.
-Поим за заповеди/императиви-кој може да биде хипотетички(претпоставен),условен од желбите на човекот(Пр ако сакам да станам доктор-треба многу да учам).Се работи за однапред утврдени цели,втемелени во личниот интерес на човекот.
6.Што е деловна етика
-Деловната етика е неизбежна компонента на теориите за раководењето(менаџментот) и обврска на раководителите(менаџерите) да се однесуваат етички кон сите вработени и заинтересирани во една организација.Деловната етика спаѓа во применета етика но едновремено се вбројува и во нормативната етика,со оглед на тоа што содржи нормативи и правила за однесувањето во текот на работењето и стопанисувањето.Деловната етика преставува дел од филозофијата на деловното работење,односно компонента на филозофската теороја која ги третира филозофскирте,политичките и етичките аспекти на основата на економијата и деловното работење.Започнува да се применува некаде во 70 тите  години од минатиот век во американските академски кругови..
7.кои основни карактеристики треба да ги поседува раководителот:
-лични особини(екстраверност,пријатност,истрајност,оригиналност,желба за успех и др.)
-вредности(како лични верувања за животните цели)-инструментални,норми,вредносен систем
-ставови-означуваат личен збир на чувстав и верувања-задоволство од работно место,ефективноста и добивање на компаративна предност идр.
-волја-како чувство или состојба на умот
-емоции-
8.Што се етички стандарди
Етички стандарди се принципи во однесувањето,што се следат и ги афирмиратт универзалните вредности на човечкиот живот како доверба,добро однесување,праведност,добрина
9.Што е етичка дилема
-Етичка дилема е ситуација во која се бара избор на определени дејства и акции,кои,иако се корисни за личните или организациските интерески,можат да бидат неетични.извори на етичи проблеми во организациите се:личната добивка,вредностите и ставовите на раководителите,притисоци на конкуренцијата и др.
10.кои се најзначајни етички дилеми:
Неточно и намерно погрешно прикажуавње на деловните резултати,неточно информирање на вработените за состојбата на организацијата,нелојалност на вработените кон организацијата и обратно,непочитување договори ,фаворизирање на едни за сметка на други ,соработка со недоволно етички партнери идр.
11.Како се делат етичките дилеми
-Отворени дилеми-наметнуваат задолжително и брзо донесување на определно решение,со цел да не се изгуби добриот глас и углед на организацијата ,а не е исклучено и вклучување на фактори од непосредното деловно опкружување.
-скриени дилеми-се појавуваат по подолго време на постоење на опредеелен проблем на решавање,чие решение не може да се наде бргу.
12.Кои се моделите на определување на етичноста  на одлуките на раководните лица
-4 модели-утилитарен модел на етика,индивидуален модел,модел на морални права,модел на правичност.
-Утилитарен(корисен)модел-Според овој метод,етичко решение е она морално решение/одлука коешто носи најмногу добро на најголем број луѓе.
-Индивидуален модел-преставува етички концепт чии дејства се морални кога се промовираат најдобрите долгорочни интереси на поединецот,што водат конечно кон најзначајното добро.
-Модел на морални права- е етички приод кон моралните одлуки што ги поддржуваат најдобро правата на оние луѓе кон кои се насочени. И се состои  од 6 морални права:право на слободна согласност,право на приватност,право на слободна волја,право на слободен говор,право за правен процес,право на живот и безбедност.
-модел на правичост-е етички концепт при што моралните одлуки мора да бидат засновани на стандардите на еднаквост,фер/праведност и неделивост. 3.Три вида правда што се грижа на раководителите:дистибутивната(бара различен третман на луѓето да не биде базиран на самоволие),процедурална правда(бара правилата за се спроведуваат праведно/фер),компензаторска правда(значи дека на индивидуите треба да име се надополни направената штета од другите или за она за што не се одговорни)
13.Кои се основните форми на институонализација на деловна етика во една организација
-етички кодекс на однесување,програми и обуки за етичко однесување,формирање на комитети,одбори,тела  и референт иза следење на етичкото однесување во деловното работење.
14.кои се изворите на етичкиот кодекс и нивно значење
-социјална етика(преставува збир од стандарди што  упатуваат на тоа како членовите на опшеството треба даа се справат меѓу себе,како што се правилно и  и праведно однесување,надминување на сиромаштијата и правата на поединецот).
-Професионалнат етика-постојат 4 обврски кои треба да се почитуваат во сите организации:обврска да не се нанесува зло,да се почитува слободниот претприемачки дух,потреба за чесност и обврска за  соодветно однесување на организацијата.
-Индивидуалната етика-ги преставува личните стандарди и вредности кои ги користат поединците во комуницирањето/општењето и меѓусебното дејствување.
15.Личен морал на раководителите и  на вработените
-личноста на раководителот треба да се состои од карактеристики,вредности и доблести како:искреност,искажување почит,уважување на индивидуалните особености,чесностѕ,внимателност,дисциплина,ред идр.
16.Содржина на етичкиот кодекс
-Се состои од 4 дела и тоа:
Верување/кредо,филозофијата и тврдени вредности на организАцијата-(се состои од опредеување на одговорностите кон потрошувачите,акционерите,вработените,добавувачите)
Упатства и начини за донесување етички одлуки-(ги апострофира прашањата битни за организацијата како:односот кон доставувачите,заштита на доверливи информации и тајни,давање на подароци,однос кон конкуренцијата)
Правила што забрануваат или што бараат определени однесувања-(правила за забрана на определени нечесни и некоректни дејности и однесувања,како што е поткуп,ниските удари и други нелегани,неетички однесувања)
Дефиниции и илустарции-(дефинирањето на клучните прашања има особено значење бидејќи се отстрануваат недоразбирањата на вработените,)
17.за што служат програмите и обуките за етичко однесување
-со нив се обезбедува,утврдените упатства за етичко однесување и решавање и справување со етичките проблеми и наметнати дилеми/двоумења да се презентираат на вработените и да се понуди начин на нивно решавање.
18.За што се оформува етичкиот комитет-
Се оформуваат за цел да се утврдат механизми со кои ќе влијаат на одржување на високи морални и етички стандарди во секојдневното работење и дејствување, но и за решавање на низа етички дилеми.Преставува група од извршители  кои ја надгледуваат организациската етика и нејзиното спроведување.
19.Оганизациска култура и морални норми
-Преставува збир на вредности,норми,стандарди за однесување и очекување дека влијанието на поединците,групите дејствува интерактивно на нив и е во насока на соработка во интерес на достигнување на организациските цели.
20.Столбови на етичка организација-Се состои од три столба
-етички индивидуи,-раководителите кои треба да имаат во себе интегритет и чесност
-етичко лидерство-означува оформување(моделирање) на едички личности,потпомагање на етичките вредности на организацијата,наградување на етичкото однесување,брзо дисциплинирање на неетичко однесување.
-организациски структури и системи-преставува збир на инструменти што ги користат раководителите во утврдувањето на вредностите и во промовирањето на етичко однесување во организацијата.Поважнои мерки се:етичкиот кодеск,етичките структури,подршка на информатори-свиркачи,етички комитети,култура на организацијата,обуки за етика и др.
21.Што е опшествена/социјална одговорност
-Преставува обврска на раководителите/менаџерите да направат избори и да преземат активности што ќе придонесат за благосостојбата и интересите на опшеството,како и организацијата.
22.Како се дели социјалната одговорност
-економска,законска,етичка и дискрециона
-економска—во прв ред е рентабилноста,да се прозведуваат стоки и услуги со кои ќе се остварат позитивни резултати
-законска-почитување на законите и прописите на државата
Етичка-вклучува непишани правила и однесувања што не се  утврдени според закон и дирктно не се во функција на економските интереси на организацијата,одлуките и решенијата на организацијата идр.
-дискрециона одговорност-преставуав социјален придонес на организацијата кон заедницата,на доброволна основа.
23.Приоди кон опшествената одговорност на раководителите
Приод на опструкција-е приод на раководителите кој означува непочитување на етичките норми на однесување,неодговорно однесување кон вработените и околината,со кои се прикрива неетичкото и противзаконското однесување.
Приод на одбрана-означува постоење на  минимална обврзаност кон социјалната обврзаност.Раководителот го прави неопходното ,само она минимално што е нужно за да биде задоволена формалната законска обврска.
Приод на приспособување-преставува балансирана и умерена обврзаност кон социјалната одговорност,иако понекогаш постојат и дејствувања и активности што означуваат желба да се направи и повеќе отколку што бара законот.
Приод на проактивност-означува имање на голема обврска кон социјалната одговорност,со желба да се направи многу повеќе отколку што бара самиот закон.
24.Што е дискриминација
-Дискриминација значи различен третман на исти лица,врз основа на определени предрасуди,необјективни ставови засновани на припадност на различен пол,вера,раса,старост,сексуална определба идр.
25.Кои се двете димензии на различната работна сила
-Примарна димензија на разлничностите на  една личност(пол,години,националност,раса,секслуална/полова припадност,физичка способност)
-Секундарна димензија на различностите на една личност(образование,религиозниверувања,воено искуство,географска локација,приход,брачен и родителски статус)
26.Етноцентризам,монокултура,етнорелативизам
-Етноценетризам означува верувае и практикување на ставот дека единствено една група и супкултура се супериорна на другите групи
Монокултура –преставува култура што прифаќа и применува само единствен начин  и збир на вредности и верувања.
-Етнорелативизам-означува еднаквост на сите групи и супкултури,плурализам,приспособување на организацијата кон повеќе супкултури.
27.Што е дистрибутивна правда а што процедурална правда
Дистрибутивна правда –се однесува на распределувањето  на згоемувањето на платите,унапредувањата и на другите ресурси на организацијата,базирани на значајни придонеси што ги прават поединците во организацијата, на праведен начин.(времето,напорите,образованието,вештините,способноста и работата)
Процедурална правда-морален прицип со кој се нарекува користењето на праведни постапки за да се определи како да се дистрибираат резултатите/добивката на членовите на организацијата.
28.Основни чекори кои треба да ги преземат раководителите за надминување на различни пречки и предрасуди кај разликата на работна сила
-обезбедување заедничка обврска за еднаков третман на различната работна сила
-настојување за јакнење на точноста на перцепирањето
-јакнење на свеста за различностите
-наградување на раководителите з добро раководее со различна работна сила
-обезбедување на тренинзи
-менторирање.
29.Чекори против сексуално вознемирување
-развој и примена на јасна политика против сексуалното вознемирување.
-штом се појави проблем ,веднаш да се превземат мерки
-воведување праведна процедура за испитување на обвиненијата за сексуално вознемирување
-воведување едукативни курсеви и обуки за сите
-општа осуда на таквото однесување









испитни прашања по предметот Развој на Економската мисла

Прашања за Развој на еконосмката мисла 1 семестар

1.Појава на првите мисли за економскиот живот
-Првите мисли за еконоскиот живот се појавуваат при настанувањето на стоковото производство при преодот од првобитната заедница во робовладетелство и се резултат од  потребата на различно толкување на дел од односите помеѓу луѓето кои почнале  да се манифестираат како односи помеѓу предмети(производи).На почеток толкувањата  се вршеле врз религиозна и здраворазумска основа  а подоцна со користење на научни методи.
2.Економска мисла во античка грција и претсавници на економската мисла во античка грција
-Мислите за еконосмкиот живот во античка грција биле интегрирани во филозофијата,литературата,законодавството идр. И повеќе се карактеризирале повеќе врзо снова на здраворазумско разммилсување  а помалу врз научна основа.Постојат 3 периоди во во развојот на еконосмката мисла.
-прв период –најмногу податоци има во делата од хомер-Илијада и Одисеја-каде пред се опишани интересите на родовската аристократија и е период на натурално стопанство.Друг прставник од првиот период е Хезниод кој што го ценел трудот  но не го сметал за обврска.
-втор период-најмногу преовлатувале мислители кои подршка му давале на ширењето на стоково-парични односи и на демократијата.Најпознати биле Солон и Перикле.Солон се залагал за опшество кое нема да биде многу богато ниту  многу сиромашно.Перикле бил познат по то а пто во негово време се ширело стоково-паричните односи и се развивала демократијата.
-трет период  е најмну познат по мислите за натуралното топанисување и преставници се ксенофоин,платон и аристотел.
3.Што е хремастика според  аристотел
-Под хремастика Аристотел го подразбира богатството како збир на пари или како вештина на стекнување на пари. И ги вклучува крупната трговија и лихварството.Хремастиката има две подгрупи –потребна хремастика-(продажба на добра што ја вршат производителите на потрошувачите)која го има обликот стока-пари-стока и чиста хремастика(продажба заради стекнување доход)
4.Што  е идеална држава според платон
-Според платон идеалната држава настанува од потребата да секој од нас не може да се задоволи себеси  и потреба од многу нешта и соработува со друг заради една или друга корист и така соработувајќи со мнозина се добива една заедница која се вика држава.
Државата според платон треба да се потпира на три сталежи:Производители,заштитници(војници) и управувачи(филозофи).Секој треба да се специјализира за онаа работа(произведува) што најдобро ја знае,а државата да ја заштитуваат најхрабрите-војниците и со неа да управуваат најмудрите-филозофите.За идеална држава ја смета онаа која е мудра,храбра,умерена и праведна.
5.функции на пари според платон
-Платон познавал 3 функции на парите:мера на вредност,разменско средство,средство за трупање на богатство
6.Економска мисла во антички рим,преставници.
-Карактеристичне е е што доминирало изучувањето на проблеми и прашања од областа земјоделството кое требало да се унапреди врз основа на робовладетелскиот труд.Преставници:Катон и браќата грах(Тибериј и Гај Грах)
7.Анимална теорија според Катон
-Теорија според која робовите треба да се хранат во зависност од тоа со каков интензитет работат во текот на денот и годината.Во времете кога напорно работат подобро да се хранат.
8.Мисли за економскиот живот во старото и новото египетско царство
-мислите за економскиот живот се однесуваат најчесто за земјоделството и земјоделските работи.изградба на насипи и канали за наводнувањеизградба на храмови и дворци.Како еден оз изворите се јавува и поезијата која била најпрвин религиозна ,митолошка а подоцна и световна особено во слава на фараоните.
9.Како настанал феудализмот
-Феудализмот настанал со распаѓањето на западното римско царство (5 век) и се карактеризира со две основни класи :феудалци-владејачка класа и кметови-потчинета класа.
10.Економска мисла во средниот век и преставници
-Економкста мисла во средниот век се карактеризира со феудализмот каде доминирало натуралното стопанство и се  оправдувале оние облици на богатство што се засновале врз него.Најпознати мислители од тоа време биле канонистите на чело со тома аквински,потоа еретиците и постоеле некои мислители  од исток(пр.ибн халдун)
11.Еретиците како феудална опозиција
-Идеологијата на потчинетата класа ја изразувале еретиците,најчесто незадоволниците од владејачката класа.Се манифестирала најчесто преку религиозна форма или кревање на бунтови и востанија.Еретиците се залагале за еднаквост  и за заедничка сопственост.Се наведува мислата :сите сме божји синови и сите треба да сме еднакви:
12.Како настанал меркантилизмот и неговите основни карактеристики
-Меркантилизмот настанал во времето на т.н. првобитна акумулација на капиталот  и тоа во 16 и 17 век кога доминантен облик на капитал бил трговскиот капитал.потекнува од името меркатор што значи трговец.Основни карактериситки се
-прометот(трговијата) е основна сфера на економскиот живот
-Вистинско богатсво се само парите-односно количеството на благородни метали(злато,сребро)
-Непосреден извор на богатсво е трговијата при што со поефтино купување и поскапо продавање се зголемува богатството на некоја земја
-меркатилистите го сметаат производството како предуслов за стекнување на богатство
-согласно со наведените теоретски поставки меркатилистите се залагале за државна интервенција и нивните концепти биле преточувани во економски политики на некои земји
-меркатилистите се залагале државата да го помага освојувајнето на колонии или заджување на веќе освоените заради пласирањена готови производи или набавка на поефтини суровини.
13.Преставници на меркатилизмот и нивни претстави за економскиот живот во време на меркатилизмот.
-Антонио Сера-(Италија)-Го истакнува значењето на златото и среброто како богатство на една земја и начини како да стекнат богатство земјите кои немаат рудници за благородни метали.Се залагал за намалување на приносите од земјоделство
-Томас Ман-(Англија)-Го истакнува значењето на извозот на стоки(надворешна трговија) однсно богатствоте една земја ќе го стекни доколку повеќе извезува отколку што увезува.Предлагал мерки како намалување на царини  и др..
-Антоан Де мокртен(Франција)-Сметал дека опшеството во Франција се состои од три сталежи.
Сметал дека трговците се најкорисни за опшеството бидејќи најмногу печалат.Застанал на нивна страна ,Сретства за зголемуванје на богатството биле домашната манифактура и и надворешната трговија
14.Фази на развој на меркантилизмот
-ран меркантилизам-познат како монетарен систем или булионизам се суштината била де се оствари суфицит на монтарниот биланс,затоа што богатството на една земкја се мерело во количина на пари и благородни метали
-Развиен меркантилизам-17 век-во најразвиените земји,бил против увозот на странска роба,поготово ако ако увозот може да дпоринесе на трговскиот биланс.
-
15.Класична економска школа-Поим и настанување
-Го опфаќа творештвото на економистите од 17 до средината на 19 век.се среќава и под називите:класична политичка економија,либерална школа,класична доктрина.Вклучува економисти  коишто тргнуваат од индивидуализмот и економскиот либерализам,кои се приврзаници на некоја од објективните теории на вредноста,кои веруваат дека либералниот капитализам одговара најмногу на човечката природа.
-настанува најпрвин во франција и велика британија  а се појавува и во (германија,русија,сад),
ЗА настанувањето на класичната школа придонела и пресметката со меркантилистичките концепции за природата и и изворите на богатствотои за државната интервенција во областан на стопанството.Придонес има и развојот на филозофијата и природните науки во тоа време.Проникнувањето во суштината на економските појави и користењето на научни методи се главните елементи поради кои класичната школа се смета за почеток на економкста наука
16.Основни карактеристики на клсичната економска школа.
-индивидуализам,економскиот либерализам,приврзаноста кон одредена објективна теорија на вредноста,употреба на научни методи ,идеализирање на либералниот капитализам и др.
17.Кои се претходници на класичната економкса школа
-Вилијам Пети(англија),Пјер Боагијбер(франција)  ,а се споменуваат и Ришар Катијон(франција),Дејвид  хјум(Англија),Бенџаним Франклин(Сад).
18.Како настанала Физиократска школа  и нејзини карактеристики
-Физиократската школа се појавува во Франција во 18 век и настанува поради тоа што тогаш франција била заостаната земјоделска земја и апсолутистичка монархија во коај почнал да се развива капитализмот во областа на манифактурата а додека во земјоделството доминирале феудалните односи.За сметка на земјоделството живееле благородништвото,свештенството,монархот,државната благајн а и др.Во такви услови се форсирал развојот на манифактурата и тогаш постоеле неповолни услови за развој на земјоделството.
Основни карактеристики се:концепција за природен ред,класна структура на опшеството,залагање за слободна конкуренција,ученње за чист производ во земјоделството,идеја за еквивалентна размена,макроекономска рамнотежа.
19.Преставници на физиократската школа и нивни придонеси во економската мисла
-Франсоа Кене-го пренесол предметот на истражување на политичката економија од сферата на прометот во сферата на производство,со учењето за еквивалентна размена и се спротиставува на меркантилистичката теза дека богатството се создава само во трговијата,со учењето за постоење на природен ред во опшеството и др.
-Ан Робер жан Тирго-Класна структура на опшеството ,распределба-доходот се дели  на 4  дела:наемнина,профит,камата и рента,вредност и цени(употребна вредност,разменска вредност,објективна вредност),закон за намалување на приносите од земјоделството.
20.Адам Смит  како основач на класичната школа во Велика Британија
-Велика Британија била економски најразвиена во 18 и 19 век и поради тоа се појавува потребата од респектирање на економскиот либерализам  и на индивидуализмот ,како и потребата од изучување на економската стварност.Го означува почетокот на економската наука во целост и врз нејзина основа подоцна се настанати марксистичката економија и неолибералната школа.Адам Смит бил најпознат нејзин преставник и се смета како основач на економската наука во целост.
21.содржина на делото –богатство на народите Адам Смит
Делото Содржи 5 книги и главен предмет е природата и изворите на богатството на народите
Предмет на првата книга:поделба на трудот,фактори на продуктивност на трудот,вредноста,цените,парите,распределба на доход(наемнина ,профит,камата,земјишна рента)
Предмет на втората книга-Се расправа за капиталот и акумулација на капиталот,штедењето и инвестициите.
Предмет на треа книга-прашања од доменот на историјата на економскиот развој и економкста политика во западна европа
Предмет на четврта книга-посебен осврт на меркантилизмот и физиократскот учење
Предмет на петта книга-прашања од доменот на јавни финансии (јавни расходи,даночна политика,и систем на државни долгови)
22.Филозофски основи на Смитовото економско учење
-Во основата на смитовото учење се наоѓаат економски погледи  за натурализмот и рационализмот,коишто се користени во борбата против црквата,меркантилизмот и централната влас на монарсите.Младата граѓанска класа се борела против црквата и нејзината филозофија,а се залагала за постапување според разумот.

23.Поделба на трудот според Адам Смит
-Поделбата на трудот е есецијален извор на богатството,двете количества производи (што се произведуваат или купуваат) зависат од 2 фактори:прво-од продуктивноста на трудот и второ-од сразмерот помеѓу оние кои се корисно вработени и оние кои не се вработени(поточно од бројот на вработени лица)
24.пари,вредност и цени,распределба капитал,акумулација на капиталот според адам смит
-Парите и стоките се во рамнотежа,а со тоа и во рамнотежа е стопанството.Повеќе аспекти на вредноста:Употребна и разменска вредност,трудот што ја одредува вредноста,т.н. парадокс на вредноста,простиот и сложен труд,природната и пазарната цена и др.Распределбата –се анализирани наемнината,профитот и рентата како доходи на трите класи(работниците,капиталистите и земјопоседниците).Капиталот го дели на основен   и обртен .Основен го смета оној кој донесува профит без да циркулира,без да го менува сопственикот или својот облик.(машини,згради,секоја мелиоризација на земјата,духовен капитал).Обртен е оној кој циркулира и го менува својот облик,со минување од рака на рака(пари,резерви во средства за живот,,резерви во суровини,резерви во готови производи)
25.Економски развој,системи на политичка економија и либерална политика според адам смит
-различни аспекти за економскиот развој:амбиентот во кој се остварува развојот во една земја,факторите и ограничувањата на развојот,последиците од економскиот развој на поедците и опшеството во целина,улога на институциитеби на економскт политика.-Смит Вршел критика на меркантилистичкото учење,За најголема заслуга на физиократите го смета нивното учење за владеење на природен ред во опшеството.Смит се определува за економски либерализам на внатрешен и надворешен план на една земја и своето учење за економската политика го заснова врз природното право (натурализмот) и економската слобода на поединецот.
26.Дејвид Рикардо како преставник на класичната школа во Велика британија и неговото глано економско дело
-Глано дело е Принципи на политичката економија и оданочувањето-и основа е критиката на адам смит истовремено и критика на други автори  и ги изложува своите погледи на некои економски прашања.
27.Методологија и погледи кон опшеството,пари вердност според рикардо
-рикардо сметал дека во капитализмот се нужни 2 класи:индустријалци и работници.Ги изучувал законите на секое производство.Сметал дека основен предмет на политичката економија треба да биде распределбата.Ја критикувал Смитовата теорија за вредноста-Вредноста на стоката зависи од релативното количество на трудот што е потребно за нејзиното производство,а не поголемата или помалата компензација што е платена за тој труд.Рикардо има две теории за парите :трудова и квантитативна теорија.две школи за покриеноста со метални пари:парична и банкарска школа-победува банкарската школа.
28.Распределба,економски развој,реализацијаи кризи според Рикардо
-Доходот го дели на :намнина,профит,рента.Намнината зависи од вредноста на потребните средства за живот на работникот и на членовите на неговото семејство.Профитот го дефинира како разлика меѓу вредноста на стоката и наемнината.Земјишната рента ја дефинира како потребниот труд за земјоделско производство во најнеповолни услови.Смета дека со развојот на опшеството и со порастот на богатството природна е тенденцијата да се намалува профитот.Општата цел на економскиот развој е благосостојба на народот,а вкупната стопанска активност се јавува како средство во однос на целта. Висината на профитот ја поврзува со висината на цените на земјодеските производи од кои зависи наемнината ,а преку неа и профитот.
29.Томас роберт Малтус-како преставник на класичната школа во Велика Британија
-Има две дела :Есеј за приципи на населението и Принципи на политичка економија.Најпознат е по својот :Закон за населението:-населението е ограничено од средствата за живот,населението се размножува насекаде каде што се зголемуваат средствата за живот,и постојат вонредни пречки кои воспоставуваат рамнотежа меѓу населението и средствата за живот.Како придонес на Малтус треба да се смета :почнал со изучување на населението и него го поврзува со степенот на економската развиеност на одредена земја,укажува на проблемот на недоволната побарувачка во капитализмот,ја признава можноста за постоење на економски кризи во капитализмот.
30.Џон Стујатрт Мил како преставник на класичната школа  во Велика Британија
-Според Мил научните истражувања треба да се вршат од позиција на рационализмот и од позиција на индивидуата и нејзината психологија.Мил сметал дека производството е резултат на три фактори:труд,капитал,земја.Прави разлика меѓу употребната и разменската вредност.доходот го дели на три дела :наемнина,профит,рента и тие преставуваат доходи на трите тогашни класи.Ги раагледувал факторите на економскиот развој во даден момент(статички) и во нивниот развој (динамички).Бил приврзаник на либерализмот во меѓународната трговија. Во  улога на државата Сметал дека државната интервенција е неефикасна и му е склона кон тиранија и не еспособна да ги задоволи жежбите на граѓаните.
31.Класичната економска школа во франција
-Постојат два критериуми-едниот го застапуваат марксисттите кои разликуваат класична и вулгарна политичка економија,вториот го застапуваат физиократите.П.Воагојбер и Сисмонди се приврзаници на трудовата теорија на вредноста,физиократите ја застапуваат теоријата на трошоците на производство,некои ја прифачаат субјективната теорија на вредноста (Тирго,делумно Сеј и др.)
32.Жан Батис Сеј како преставник на класичната школа во Франција
-Сеј е приврзаник на позитивизмот при изучување на економскиот живот,односно се залагал за изучување на природата на нештата,притоа се потпира на емпиризмот и рационализмот.најголем придонес има:тезата дека со зголемување на производството се проширува и пазарот,разликувањето меѓу профитот и каматата,истакнувањето улогата на претприемачот,критика на протекционизмот-која во тоа време била прогресивна,залагање за економски либерализам
33.Како настанала социјалутопистичката економска школа
Настанува како резултат на тоа што некои мислителе согледувајќи ги критиките и слабостите на капитализмот сакаат да понудат проекти за изградба на ново ошчество кое ќе одговара повеќе на природата на човекот во споредба со капиталистичкото.
 34.Основни карактеристтики на социјалутопистичката школа
- Социјализам (критика кон капитализмот) и утопизам-бидејќи не ги познава субјектот,начинот и средствата  што ќе овозможат да се дојде до новото опшество.
35.Кои се најпознати социјалутописти  и за што се залагале.
Сен Симон,Шарл фурие и Роберт Овен-сеиздвојуваат од другите бидејќи имале успешна критика на капитализмот,но и во тоа што антиципирале некои од карактеристиките на опшеството  што треба да биде наследник на капиталистичкото.
36.Рани социјалутописти.
-Томас Мон ,Томазо Кампанела,Томас Минцер  -покрај критиката на капитализмот тие посочуваат некои карактеристики на новото опшество како што се :заедничка сопственост,планирање,исчезнување на спротиставноста меѓу физичкиот и интелектуалниот труд и меѓу градот и селото,отсуство на размена на пари и др.
37.Сен Симон како преставник на социјалутопизмот и негови погледи на економскиот живот
Го користел историскиот метод,сметал за да се добие престава за иднината мора да се познаваат минатото и сегашноста-Го делел развојот на опшестовото на три фази-феудалновојнички,критички,научноиндустриски систем.Како најголема мана на капитализмот  го смета отсуството на организација.Сметал дека во идното опшество глаавен збор ќе имаат научниците и индустријалците.Распределбата на новото опшество ќе биде споредтрудот и според капиталот.Врз основа на наговото учење настаната е Сен-Симонова школа..Сен Симон е меѓу првите мислители коиукажувалена големо значење на науката за опшествениот развој.
38.Шарл фурие како преставник на социјалутопизмот и негови погледи на економскиот живот
Страсти-Сметал дека човекот не треба да се бори против страстите,туку против неправилностите во опшествениот поредок во кој се овстраруваат.Сметал дека во капитализмот не постои хармонија на страстии излезот го гледа во ново опшество во е ќе има хармонично манифестирање на сите страсти.
Разликува три глобални периоди на развој на опшеството со неколку потпериоди.
Се  реќава и поимот хибридно опшество(кое настанува од влијанието на народите со повисока култура кон народите со пониска култура ).го критикувал капитализмот со тоа што капитализмот не дозволувал да дојдат страстите на луѓето.Бил против трговијата.новото опшество го нареку хармонија кое ќе се состои од фаланги и фаланстери.
39.Настанување  и основни карактеристики на историска школа
-Настанува како резултат на тоа што класичната школа во Англија и Франција  и идеите им биле туѓи на Германија и како такви тешко биле пригфатени во Германија и често биле критикувани се појавила потреба од нови гледишта за економскиот живот.Најчести карактеристики на историската школа се:критика  на учењето на класичарите за дејствувајнето на природните закони во опшеството,критика на методот на класичарите,критика на учењето на класичарите за мотивот на стопанисувањето,историзам,критика на космополитизмот во творештвото на класичарите,државна интервенција и заштиттни царини.
40.Настанување на Марксистичка економија
-во периодот во 19 век од 40 година настанува во врема на марксизмот или уште се нарекува научен социјализам.Основачи Карл Маркс и фридрих Енгелс(прв следбеник).Услови што придонесле за негово настанување:опшествено-историски и теоретски.
-Опшествено-историски-развојот на производните сили и созревањето на работничката класа од :класа по себе: во :класа за себе:
-Теорестски услови-достигнувањата во областа на опшествените и природните науки.
Придонес за настаннувањето на марксизмот има и развојот на природните науки,а посебно учењето на чарлс дарвин.
Благодарение на сите фактори и истражувачката дејност на Маркс и Енгелс ,марксизмот настанал  како ново учење(теорија) за законите на природата,опшеството,и човечкото мислење,како нов метод за изучување на стварноста,како поглед на светот и др.
41.Основни карактеристики на марксистичката теорија
-критика на капиталистичката стварност и на економската мисла,Потпирање на трудовата теорија на вредноста,потпирање на социјалистичката економска школа,користење на научниот метод на економската мисла,класен и објективен карактер на марксистичката економија.две нивоа на економска анализа(теоретскоапстрактно и конкретно-историско),залагање за безкласно опшество,
42.Карл Маркс како основач на марксистичката теорија
-Најзачани се двете негови дела:Капиталот и Теории на вишокот на вредноста
43.Капиталот-како главно дело на К.Маркс
При пишувањето  се служаел со анализа на економски факти и со консултирање на бројна економска литература која била достапна во тоа време.се состои од три тома
-прв том-го рагледува процесот на производство  на капиталот кој е составен од следните оддели :стока и пари,Претворање на парите во капитал,Вишокот на вредност,наемнина и акумулација на капиталот.Це нтрално место во овој том има учењето за вишокот на вредност
-Втор Том-носи наслов Процес  на циркулација на капитал и се сосоти од три оддели:прв оддел-кружно движење на капиталот,втор оддел-обрт на капиталот  и трет оддел:репродукција на опшествениот капитал.
-Трет том-носи наслов –Вкупниот  процес на капиталистичкото производство и е составен од следните оддели:Претворање на вишокот на вредност во профит и на стапката на вишокот на вредноста во профитна стапка,претворање на профитот во просечен профит,закон за тенденциско опаѓање на општата  профитна стапка,трговски капитал и трговски профит,заемен капитал и камата,земјишна рента и доходи на одделните класи.
44.Теории на вишокот на вредност како дело на К.Маркс
-Било замислено како 4 том од капиталот но не успеал да го објави. Објавено е покасно од Карл Кауцки .Во делото Маркс се осврнува врз капиталистичката стварност и врз реалните теории на вишкот на вредноста.Се состои од три тома
-Прв том-прикажани се погледните на физиократите Адам Смит и Џемс Стујарт за вишкот на вредност, и разгледани се и некои елементи од творештвото на други тогашни автори
Втор Том-е посветен на творештвото на Дејвид Рикардо,а посебно на неговата трудова теорија на вредноста и на објаснувањето на рентата врз нејзина основа.
Трет том-ги рагледува теориите на вишокот на вредноста во творештвото на некои економисти после Рикардо.
Бидејќи најголем дел е посветен на делото на Рикардо истото некои мислители го делат на три групи:економисти пред рикардо,рикардо и економисти по рикардо.
45.К.Маркс и неговите погледи на економскиот живот
-Основен Марсков медот на анализа е Дијаелктичкиот материјализам-историски материјализам.
Маркс и придава големо значење на формата на сопственост при објаснувањето на положбата на луѓето во опшеството,класната структура на опшеството ,корените на економските интереси на индивидуите и опшествените групи,движечките сили на развојот,распределбата идр.
Покрај дијалектичкиуот метод  Маркс користи и :метод на апстракции,метод на индукција и дедукција,историскологичкиот метод,компаративниот метод идр.
За Марксов придонес се смета и вклучувањето на опшествено-економските односи при анализата на економските категории и појави,како и заложбата за изградба на опшество во кое социјалната правда ќе биде една од неговите темелни карактеристики.
________________________________________________________________________________
46.Поим за магинализам и карактеристики
-Маргинализмот настанува во 70 те години од 19 век,неокласична школа.Основачи се Стенли Џевонс –Англија,Карл Менгер-Австрија,Лоен Валрас-Швајцарија.Латиснки збор –маргиналис-крајно,гранично.Основни карактеристики:субјективизам,индивидуална психологија,примена на маргиналистичкиот принцип,нов предмет на изучување,примена на математички методи,либералнаекономска политика идр.
47.Поделба на маргиналистичката школа и нивни карактеристики
-Австриска Субјективна школа-Се разликува од другите пред се според предметот на изучување,а тое е проблематиката на цените.Нејзините преставници ја застапувааат субјективната тероија на вредноста или како што уште се нарекува,теорија на полезноста.Основоположник е Карл Менгер со неговото дело Основи на политичката економија.Според австриската школа основни економски категории се:потребата,полезноста,доброто,цената,стопанската дејност и др.
-Лозанска Школа-Централно место зазема стопанската рамнотежа.а се користеле и математички методи при изучувањето на еконос=мските појави.Преставницо се Леон Валрас и Вилфредо Парето.
-Кембриџска или Маршалијанска школа-Преставник Алфред Маршал со најпознато дело Принципи на економиката.-дал посебен осврт на објаснувањето на пазарните односи и формирањето на цените,Треба да се истакне посебно учењето за побарувачката,обидот за изградба на синтеза од некои постојни теории на цените,вклучувањето на факторот време при објаснувањето на економските теории и појави,објаснувањето на микроекономската рамнотежа.
48.Марсксистичка економија во 20 век.до 1 светска војна
-Се изучува :проблематиката на социјализмот,анализа и критика на современиот капитализам ,критика  на економската шклола на запад.Се појавува група на економски мислители позната какако Втора интернационала: и ги изучувале следните прашања:финансискиот капитал,акционерските друштва и сл,аграрното прашање и аграрната политика на социјалдемократијата,акумулација на капиталот и перспектива на капитализмот,критика на марксовите теории за разни економски прашања идр.
49.Економска мисла во советскиот сојуз.
-До крајот на 80 те години од 20 век со ссср се изградувал социјалистички опшествен систем,економистите ги изучувале основните карактеристики на тоа општество и вршеле критика на современиот капитализам на запад.Преставници Ленин –кој ги изучувал капитализмот во русија,империјализмот,проблемите и резултатите на социјалистичката изградба на советскиот сојуз.За врме на сталин главното влијание врз економската мисла го имале приврзаниците на телеолошката концепција,кои го сметаат опшествениот план за основен закон на социјализмот.кон крајот на 80 те ссср се определи за престројување на вкупното стопанство и пошироко на опшествениот систем. И за изградба на нов опшествен систем кој ќе се потпира на пазарна економија и  парламентарна демократија.
50.Творештвото на Ленин
-Во неговото дело Развитокот на капитализмот во русија разгледува 4 прашања:прво се осврнува на некои грешки од економистите народници,второ –развојот на капитализмот во областа на земјоделството,трето-развојот на капитализмот во областна на индустријата,,четврто-формирање на внатрешниот капиталистички пазар во русија.Дошол до заклучок дека капитаизмот се развива и дека зајакнува позицијата на работничката класа која ако се организира во сојуз со селанството,може да изврши замена на капитализмот со ново општество.
51.Империјализам-поим и карактеристики според ленин.
Империјализмот е капитализам во оној стадиум на развитокот кога се создаде господството на монополите и на финансискиот капитал,истакнатао значење доби извозот на капитал,почна поделбата на светот од страна на меѓународните трустови и се заврши поделбата на целата територија на земјата од страна на најкрупните капиталистички земјји.Основни карактеристики според Ленин на Империјализмот се:Концетрација и вантрализација на капиталот и производство со создавање монополи.,Сраснување на индустрискиот и банкарскиот капитал и создавање на финанскси капитал и финанскиска олигархија,Извозот на капитал добива особено значење,Формирање на меѓународни монополски сојузи на капиталистите кои го делат светот на сфери на влијание,Поделба на светот од страна на најразвијаните капиталистички држави и борба за негова прераспределба.
52.Социјализам според Ленин
-Ленин теоријата за социјализмот ја градел врз неколку основи;врз основа на критиката на разни учења на социјализмот во русија,врз основа на сознанијата на основачите на марксизмот за основните карактеристики на социјализмот и комунизмот,врз основа на истражувањата што ги вршел ленин идр.Неговите погледи кон социјализмот можат да се поделат на:Нова материјалнотехничка основа на стопанството,придавал големо значење на продуктивноста на трудот,кооперација во земјоделството,работничко самоуправување,планирање на стопанскиот развој.
53.Економска мисла во поранешна југославија
Се дели на два периоди 1945-50 –административноцентралистички економски систем и втор период 1950-90 –самоуправен економски систем.Самата школа можеда се подели на три групи:прво-официјални ставови за економски прашања,второ-доминација на марксистичката политичка економија и трето-научнокритички сознанија за економските прашања,
54.Институционализам-Поим и карактеристики
-Институционализмот настанува кон крајот на 19 век и почетокот на 20  век,Типична американска школа.-учење околу кој се врти учењето на институционалистите односно институциите.Под институции се подразбира:законски норми,обичаи,навики,традиции,религија,морални норми,држава,право,конкуренција,приватна сопственост  идр.односно сите опшествени феномени.Приврзаниците се обидуваат да го објаснат влијанието на институциите врз навиките и економското однесување на луѓето.Една од карактеристиките е критика на постојните институции,во кои се гледа бариера за побрз опшествено-економски развој.Според една класификација институционалните концепции можат да се групираат во 3 основни групи:социјално-психолошки институционализам,социјално-правен институционализам и емпириски или конјуктурно-статистички институционализам.
55.Кејнзијанизам-поим и карактеристики
-Настанува во 30 години од 20 век-основач Џон Мејнард Кејнз-е продукт на опшествено-економските и други услови на запад на крајот од 20 и почеток на 30 години од 20 век,односно на создадената потреба да се изгради теоретска основа на државна интервенција во стопанството(видлива рака).Карактеристики:
-доминира изучувањето на проблематиката на вредноста и распределбата,вредноста и опшествените односи,размената и цените и сл.
-До појавата  на Кенјзовото учење доминира учењето ппознато како Сејов закон на пазарите,според кои стоките сами си обезбедуваат реализација низ механизмот на слободната конкуренција
-Главни проблеми во стопанствоте биле недоволната вработеност и недоволната ефективна побарувачка
-Кејнз им се спротиставил на класичарите и на неокласичните економисти,кои верувале дека автоматски се воспоставува рамнотежа меѓу акумулацијата и инвестициите.
56.Подгрупи на кејнзијанизмот
-учењето на џон Мејнард Кејнз како основоположник на школата,Хиксов валрасијанизам,неокласичен(ортодоксен) кејнзијанизам,лево кејнзијанство,неокласична синтеза,кејнзијанска теорија на општа нерамнотежа,посткејнизијанизам во САД,нова кензјијанска школа.итн
57.Џон Мејнард Кејнз како основоположник на кејнзијанизммот
-
58-Неокласичен –ортодоксен кејнзијазнизам
-Една од основните карактеристики е настојувањето за изучување пред се на реалните фактори од кои завис големината на националниот доход и на вработеноста.
59.Лево кејнзијанство
-Неговите приврзаници се потпираат пред се врз учењето на џон М.Кејнз,но користат и елементи од маркистичкото економско учење.
60.Неокласична синтеза
-Преставува синтеза на неокласичната и кејзијанската економија.Автор е американскиот  економист Пол Семјуелсон.
61.Радикална политичка економија на новата левица-поим и карактеристики
-Преставува економска школа,идеологија и движење кои се карактеризираат со радикална критика на капитализмот(посебно во Сад) и со залагање за изградба на ново опшество(демократски социјализам).во неа се присутни анархистички,реформистички,еколошки,социјалдемократски,социјалстички ,комунистички и други ориентации.Основни карактеристики се:незадоволството од капитализмот,незадоволството од постојната економска теорија(неокласичната и кејнзијанската),барање на социјалистичка алтернатива на современиот капитализам.
62.Неоинституционализам-Поим
-Неоинституционализмот преставува продложение на институционализмот по втората свестка војна.Во центарот на внимание се наоѓаат институциите :законски,административни и обичајни спогодби за установено заемно дејствувајне меѓу луѓето.Неоинституционалистите се залагаат за демократски реформи кои ќе овозможуваат порамномерна дистрибуција на богатството и доходот.
63.Посткејнзијанизанм,теорија на општа рамнотежа и нова кејзијанска школа
-Називот посткејнзијанизам упатува на главниот извор на ова учење-Кејнзовото учење и фактот што посткејнзијанците бараат :враќање на џон м.Кејз ; и одбрана на духот на неговото учење од разни интерпретации,искривувања и критики.Започнува од средината на 50 години од 20 век. Џоан робинсон со делото акумулација на капиталот и статијата на Николас Калдор –Алтернативни теории на распределбата.Влијание за настанувањето има и класичната традиција,потоа институционализмот,предизвикот од неокласичната економска теорија во последните неколку децении,а исто така како причина а настанувањето може да се каже и кризата на ////западот во 70 и 80 години од 20 век.
64.Неолиберална (неокласична) економска мисла
-Се појавува во 70 години од 20 век .ги пропагира идеите што биле подржувани во времето на либералниот капитализам,со одредени модификации.Се залагаат за зачувувањена старите сфаќања и изживеана практика,го глорифицираат пазарот на слободна конкуренција,а ја негираат или сведуваат на минимум потребата од државна интервенција во стопанството.Постојат повеќе насоки и струи меѓу кои се:австриска неолиберална економска мисла,француска неолиберална економска мисла,теорија на социјалнопазарното стопанство во германија,монетаризмот,школата на рационални очекувања(новата класичан микроекономија),тероија на реалните бизнисциклуси,економика на понудата и теорија на кјавниот избор.










 -






-